Тротоарите Узурпирани, Пешаците на Улица

Со зголемувањето на возилата на територијата на општина Струмица во последниве неколку години се зголемува и проблемот на пешаците во градот.Најчеста слика во градот е узорпирани тротоари со автомобили,а граѓаните се принудени да се движат по улиците.Една од таквите улици е и улицата 22 декември во близина на Старата касарна и Струмица табак.Граѓаните немаат избор и се движат по улиците,според нив има повеќе места каде е дозволено и слободно можат да се паркираат автомобилите,некои од нив стравуваат и за својот живот,бидејќи според нив овде и автомобилите се движат со голема брзина.

Граѓаните се надеваат дека надлежните органи ќе го решат овој проблем,а до тогаш се надеваат дека ќе се подигне и свеста кај граѓаните па ќе ги паркираат своите автомобили на места каде е тоа дозволени и нема да се узорпираат тротоарите кои се наменети  за слободно движење на пешаците.

DSCN0760

DSCN0761

Напишете коментар