Ќе се Асфалтира Главната Патека на Градските Гробишта
Екипи на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска работат на главната патека на градските гробишта во Струмица. Се чистат тревите покрај патеката, а се отстрануваат земјата и другите наноси од неа. По овие подготвителни работи ќе биде поставен втор слој асфалт на целата патека, почнувајќи од влезната врата во гробиштата па се до крајот на истата.
Со овој зафат ќе им се олесни пристапот на граѓаните до гробните места на своите блиски во извршувањето на верските обреди.