Подготовки во СОУ ,,Никола Карев,, за Новата Учебна Година
Покрај активностите поврзани со уписите на ученици, во Средното општинско училиште ,,Никола Карев,, во полн ек се неопходните подготовки за подобрување на условите за настава за новата учебна 2015 / 16 година. Според зборовите на директорот на училиштето Драган Јанков, веќе е завршено обелувањето на ѕидни површини од вкупно 5000 метри квадратни. За таа намена, од сопствени средства се потрошени 208.942 денари. Покрај тоа извршени се и мали санациони активности во спортската сала на училиштето. Веќе од наредната седмица ќе започне промената на дел од металната столарија, активност што училиштето ќе го чини 1.350.720 денари. Според најавите на директорот Јанков, во текот на август ќе биде извршена и целосна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на училишните простории, со што ќе бидат заокружени сите предвидени активности за успешен старт на новата учебна година.