Три години од Смртта на Четворицата Загинати во Пожарот во Струмица
Денеска се одбележаа три години од смртта на загинатите во пожарот во Струмица.Денеска пред споменикот свежо цвеќе положија претставници на советот на општина Струмица како и најблиските семејства,роднини и пријатели.
Струмица вечно ќе ги памети имињата на браќата Блажо Стојков и Пено Стојанов од Рич, Мите Ѓоргиев од Струмица и Војо Гркљанов од Вељуса, кои храбро се бореа со огнената стихија во големиот пожар кој избувна на денешен ден пред три години.
За жал, на тој кобен 23 јули 2012 година, четворицата наши сограѓани трагично го загубија својот живот, рече претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов. Дел од советниците и семејствата на загинатите денеска положија свежо цвеќе во нивна чест.
„Со натчовечки напори се обидуваа да го спречат огнот за да не ги зафати и куќите од горниот дел на градот, но за жал таа нивна храброст и пожртвуваност ја платија со човечки животи. Секој граѓанин треба да им биде благодарен за сето она што тие го сторија, а на сите нас трагичниот настан треба да ни биде голема опомена да внимаваме нигогаш повеќе да не се повтори, рече Христов.
Попладнево во 18:00 часот на местото на трагедијата под „Двата пата“, ќе се одржи чествување во спомен на Блажо, Пено, Мите и Војо.