„Диференцирање на учењето и наставната програма според различните интереси и способности на учениците“.
Во организација на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ од Скопје, која го спроведува проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“, во ООУ „Сандо Масев“ од Струмица се реализираше обуката „Диференцирање на учењето и наставната програма според различните интереси и способности на учениците“.
На обуката учество зедоа наставници и стручни соработници од трите училишта, вклучени во овој проект: ООУ„Сандо Масев“-Струмица, ООУ „Гоце Делчев“-Вељуса и СОУ „Јане Сандански“-Струмица, како и претставници од одделението за образование од општина Струмица.
Овој проект е финансиран од Европската Комисија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) 2016-2017 – Поддршка за граѓанското општество преку национални програми за поддршка. Проектот се спроведува од март 2018 до февруари 2020 година.
Општина Струмица, во рамките на донесената стратегија за образование и одредените приоритети за системска поддршка за едукација и стручно доусовршување на воспитно-образовниот кадар активно се грижи за градење на капацитетите на локалната администрација и на воспитно-образовниот кадар за вклучување на образованието во активностите во локалната заедница.