Претставници на ООУ „Маршал Тито“ од Струмица во Изник-Бурса во Турција
На покана од збратименото училиште „Алпарслан“ од Изник-Бурса во Република Турција, по повод нивниот празник „23 Април-Денот на детето“, претставници од општинското основно училиште „Маршал Тито“ од Струмица, престојуваат во неколкудневна работна посета.
За време на престојот тие остварија средба со гувернерот на областа Изник. Во присуство на раководителот на Одделението за образование и директорот на збратименото училиште, разговараа за образовните системи во Република Турција и Република Македонија, разменија искуства за воспитно-образовниот процес во училиштата и ги истакнаа придобивките на меѓуетничката интеграција и интеркултурната комуникација.
Градоначалникот на општина Струмица и овојпат ја даде потребната поддршка за реализација на оваа работна посета, преку која и училиштето и локалната заедница се промовирани во Република Турција.