Започнаа аудициите за 5от Ј0-ЈО Фестивал
Право на учество имаат сите дечиња на возраст од 5 до 12 години од основните училиштата од Општина Струмица.
Аудициите се одржуваат во Основното музичко у0чилиште „Боро Џони” во Струмица на 27 и 28ми Март 2018 година во 18:30 часот.
Според организаторите, дечињата учесници на аудициите својот талент за пеење ќе го претстават пред жири комисијата составена од реномирани музичари. Најдобрите, најталентираните ќе влезат во финале, а победникот ќе добие гратис песничка.
-Од година во година интересот е се поголем. И оваа година се надеваме дека ќе откриеме нови музички таленти и ќе создадеме нови ѕвездички на струмичката естрада, вели Мери Јанчева, претседателката на здружението.
Фестивалот годинава ќе се одржи на 05 Јуни во големата сала во Центарот за Култура „Антон Панов“, Струмица.