,,Здружението ,,Сино Срце ДМ” од Струмица,успешно реализираше уште една активност
Како една од активностите на здружението ,,Сино Срце – ДМ “ за оваа 2017-та година беше изработката на ИКТ алатка која е прикачена на веб страницата на здружението www.sinosrce.com со цел да се даде поддршка на лицата со Дијабетес пред се од Струмица.
Преку оваа алатка, лицата кои имаат Дијабетес како и лицата кои се грижат за лица со Дијабетес како членовните на потесното семејсто и слично ќе можат да дојдат до информација на најбрз начин кој може и да биде анонимен без присуство на стравот од осудуваност.
Ги повикувам сите оние кои имаат некакво прашање во врска со Дијабетесот да ја искористат оваа алатка и го постават нивното прашање, а нашите членови во најкраток можен рок ќе ви ја дадат поддршката која ја барате и одговорот на вашето прашање.
Во Македонија недостасуваат такви алатки и поддршка за правилен живот со Дијабетес. Чест ми е што Општина Струмица ја поддржа оваа активност на нашето здружение преку програмата од областа на социјалната заштита – изјави Енес Исмаилов, претседател на здружението на граѓани ,,Сино Срце ДМ” – од Струмица.