Реакција на општина Струмица на прес конференцијата на советниците од ВМРО ДПМНЕ
Бидејќи градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица силно го поддржуваат локалниот економски развој, во индустриската зона „Сачево“ ги реализираа потребните инвестициони зафати. По продажбата на градежните парцели во оваа зона, општина Струмица ги издаде сите потребни урбанистички документи во согласност со сите законски прописи и во законски утврден рок, врз основа на кои сите инвеститори можат во секој момент да започнат со градење.
Очигледно, инвеститорите не ја чувствуваат популистичката „поволна“ економска состојба во државата што ја рекламира Владата па чекаат поповолни денови.
Зошто сопствениците на парцелите не ги реализираат планираните инвестиции е прашање за кое одговор, советниците на ВМРО ДПМНЕ, треба да побараат во Владата.