Костадинов и општинската администрација им ја дадоа својата поддршка на лицата со посебни потреби
Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов и денеска ја потврди својата поддршка на лицата со посебни потреби. Тој се потпиша и ја поддржа граѓанската иницијатива за законски измени со кои треба да им се подобрат условите за живот на лицата со посебни потреби на пунктот кој е поставен пред библиотеката „Благој Јанков Мучето“ во Струмица. Освен Костадинов, за иницијативата се потпишаа и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и членови на истиот, директори на општински јавни претпријатија и општинската администрација. Пунктот за собирање потписи пред библиотеката ќе биде отворен до 17 часот.