Прес конференција Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ Струмица

Почитувани,
Веќе станува очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден се повеќе ја губи довербата кај граѓаните.
Трибината што ја организираа од Унијата на млади сили во Струмица, во малата сала во Центарот за култура „Антон Панов“, е уште една потврда дека времето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ помина. Празните места ги пополнија со малолетници.
Лагите и манипулациите веќе не минуваат ниту кај членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
И на партискиот собир во село Вељуса, имало присуство на малолетни лица, на возраст од десетина години, за да се прикрие загубената поддршка на врвот на оваа партија дури и кај сопственото членство.
Како што може да се види од оваа фотографија, малолетни деца се сликани заедно со директорот на јавното претпријатие „Македонски шуми“ подружница Струмица и други локални функционери на ВМРО ДПМНЕ.
Ова е скандал и претставува класична злоупотреба на деца. Согласно правните прописи во Република Македонија се забранува секаков вид на злоупотреба на децата. Во Законот за заштита на децата, член 12. став 4 стои: Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување.
Бараме надлежните институции под итно да преземат мерки, а ние оваа злоупотреба ќе ја пријавиме во детската амбасада Меѓаши и ОБСЕ.
Ваквото скандалозно однесување завршува на 11 декември. Новата влада предводена од СДСМ ќе стави крај на партиските злоупотреби и манипулации.
Преку планот за живот во Македонија ќе ги вратиме слободата, демократијата, правдата и животот во Македонија. Доаѓа време на одговорна Влада и одговорни институции.

Напишете коментар