Прес на Вмро Дпмне- „Мултифункционална хала за саеми и концерти“ остана празно ветување
Почитувана македонска јавност.
Дали верувате во зборовите на Зоран Заев?
Ние струмичани најдобро знаеме колку вреди
неговиот збор и дека неговите ветувања се празни
и по правило нереализирани.
Нова „Мултифункционална хала за саеми и
концерти“ е едно од редиците празни ветувања на
Зоран Заев со кое ги изманипулира струмичани во
неговата програма на последните локални избори
во 2013 година за трет градоначалнички мандат.
Новата „Мултифункционална хала за саеми и
концерти“ требаше да биде изградена веднаш до
мултифункционалниот пазар, исто така проект, дел
од низата проекти „Шарените невистини на Заев“.
Неговото мото во таа програма ,, Струмица Знае“
само увери дека тој ветува а не исполнува.
Дали Струмичани ги видоа 3-те индустриски зони
со 30 фабрики и 3000 работни места, дали
струмичани го видоа и мултифункционалниот
пазар од 15.000 м2 ?
Дали вие како градоначалник ги реализиравте
проектите од витално значење за граѓаните на
Струмица, па да имате кредибилитет за проектите
кои ги ветувате за Р.Македонија?
Овие празни ливади и полиња го даваат одговорот
на прашањето.
Дали струмичани повторно ќе дозволат да бидат
изманипулирани ?
Зар мислите дека граѓаните на Р.Македонија ќе
поверуваат на вашите „Шарени игри“, кое везден ги
повторувате ?
Доволно е секој да ја погледне вашата програма, за
да ги увиде многуте нереализирани проекти и да го
донесе својот заклучок за каков човек се работи.
Се ближи 11 Декември, денот кога сами ќе се
уверите дека вашите „Шарени лаги“ повеќе не
поминуваат кај граѓаните.
Ви Благодарам.