Централно греење во ООУ “Кирил и Методиј” с.Иловица
Старите ќумбиња и печки се веќе минато за учениците, наставниот и техничкиот персонал во ООУ “Кирил и Методиј” с.Иловица. Градоначалникот на општина Босилово го посети основното училиште и во разговор со директорот на училиштето беше информиран за новиот централен систем за загревање на училишната зграда кој како проект се спроведува од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија. Со цел за подобрување на енергетската ефикасност на училишната зграда и заштедите во потрошена енергија комплетно е поставена нова надворешна столарија (прозорци и влезна врата). Вкупната вреднос на инвестицијата изнесува 7.005.250 денари.