Ана и Ивана Мазнејкови со Специјални Награди во Париз
Струмичкото Чудо од деца,младите пијанистки Ана и Ивана Мазнејкови продолжуваат со освојувања на награди ширум светот. Сестрите Мазнејкови,синоќа во Париз-Франција освоија специјални први награди со што се здобија и со можност вечерва да учествуваат на концертот на победниците. Ана досега има настапувано на четри натпревари за пијано и тоа во Гевгелија,Белград,Милано каде има освоено Први награди, и сега во Париз Прва и Специјална награда. Ивана досега има учествувано на 22 натпревари на кои има освоено 19 Први награди и специјални први награди како и почесни признанија од жиријата,композиторите, спонзорите на натпрварите како и од самата публика.