По второто пријавување и запишување во трите средни училишта останаа 820 слободни места
Заврши второто пријавување и запишување на учениците во прва година за новата 2016/2017 учебна година во јунскиот уписен рок. Во трите средни општински училишта во Струмица во овој рок се запишаа 424 ученици, а останаа вкупно 820 слободни места.
Во средното општинско училиште „Јане Сандански“ во јунскиот уписен рок се запишаа 127 ученици, а останаа 247 слободни места. Во СОУУД „Димитар Влахов“ се запишаа 131 ученик, а останати се 239 слободни места и во СОУ „Никола Карев“ по пополнетите 166 места во јунскиот уписен рок останати се 334 слободни места.
Во августовскиот уписен рок пријавувањето и запишувањето ќе се врши на 24 август.