Градоначалникот Заев донесе Одлука за јавна набавка за изградба на патот Муртино – Еднокуќево
Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев донесе Одлука за потреба од јавна набавка за изградба на локалниот пат Муртино Еднокуќево (1-фаза), откако на почетокот од овој месец договорот за реализација го потпишаа градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и директорот на Бирото за регионален развој Џемаил Ељмази. Со тоа општина Струмица ги презеде своите обврски во реализацијата на проектот, потврдувајќи го својот сериозен и одговорен однос во реализацијата на проектите кои значат подобрување на условите за живот на граѓаните.
Реализацијата на првата фаза од овој проект изнесува 1.288.000 денари, од кои 644.000 денари или 50% ги обезбедува општина Струмица како носител на проектот, и исто толку од Бирото за регионален развој.
Изградбата на локалниот пат од Муртино до Еднокуќево ќе биде од исклучителна важност за граѓаните од овие две населени места, како и за граѓаните од цела општина Струмица и струмичкиот регион.