Средните општински училишта на стручна расправа за Концепција за техничко образование
Во рамките на Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации, претставници од средните општински училишта од Струмица, учествуваа на стручна расправа со анализа на постојната состојба и проектни активности за изработка на Концепција за средно стручно образование во траење од 4 години.
Унапредувањето и модернизацијата на системот за средно стручно образование е потреба која е констатирана и во општина Струмица, како основач на средните општински училишта, преку досегашните анализи и изработената стратегија за образование за период од 5 години. Следењето на технолошкиот развој, примената на новите иновативни методи и потребата од конкурентен пазар на труд, професионалниот развој, стручното усовршување на наставниот кадар и активната соработка на локалната самоуправа во определувањето на потребите на пазарот на трудот, претставуваат активности кои се дел од стратешките приоритети и мерки за развој на образованието до 2020 година, со цел да се дојде до подобар развој на знаењата, вештините и интегритетот на учениците во воспитно-образовниот процес и интегрирање на локалните потреби за образование во општина Струмица.