ЦПЛИП Порака во посета на Црвен Крст по повод неделата на Црвен Крст
Црвен крст Струмица на 11 Мај имаше посета од членовите на ЦПЛИП Порака. Таа средба не беше ни најмалку случајна беше со повод, а тоа е неделата на Црвен крст на Р. Македонија која се одбележува од 8 до 15 Мај со различни активности.
Клубот на млади волонтери реши преку проекција на кратко видео „Приказна за една идеа“ да го долови историјатот на овие лица за настанувањето на ораганизацијата на Црвен крст кое беше следено со голем интерес. Им беа поделени стрипови од истото видео, се играа друштвени игри „Не лути се човеку“, „Домино“, „Карти“ имаше и момент во кој секој ги покажа своите Танцови способности.
Ги одбравме нив зошто тие се лица од нашето секојдневие, од нашето општество, тие се наши другари соработници, подржувачи на нашата оганизација. И сите ние треба да ги прифатиме и вклучиме во нашето општество.
Зошто хуманоста е најчовечна особина, доблест за секој поединец.