Општините Василево, Агиа и Струмјани заедно ќе го зачувуваат екосистемот
Вчера, градоначалникот на општина Василево, заедно со градоначалниците на општините Струмјани од Р.Бугарија и Агиа од Р.Грција ги ставија своите потписи на заедничка апликација за проект од Транснационалната програма за соработка Интеррег „Балкан Медитеран 2014 – 2020“, (Transnational Cooperation Programme Interreg „Balkan-Mediterranean 2014-2020“), со кој преку низа активности ќе влијаат на одржувањето и заувувањето на екосистемот во регионот.
Насловот на проектот е „Одржливо управување на шумските екосистеми во Балканско Медитеранската област“ а неговата основна цел е адаптирање на шумските екосистеми од балканско медитеранскиот појас кон негативните последици од климатските промени.
Вкупниот буџет е 705 000 евра.
Соработник на општина Василево во овој проект ќе биде ПШС Беласица од Струмица.
Рокот за доставување на апликациите истекува денес.