Градинката „Прва радост“ од Василево одбележа една година работење

Со приредба подготвена од дечињата, во петокот на 1 април градинката „Прва радост“ од Василево одбележа една година од своето постоење. Дечињата за своите родители имаа подготвено приредба, при што на најубав начин преку песнички и рецитации покажаа како го минуваат времето во својата градинка и што се „Денес градинкаат празнува. Денес дечињата прославуваа, се забавуваа и искрено се радуваа. Денес нашата градинка го слави првиот роденден. Среќни и весели гостите ги дочекавме и со задоволство градоначалникот го пречекавме. Иако нашата градинка работи само една годиназадоволни сме од постигнатиот успех, а сметаме дека и родителите се задоволни од нашето работење“ изјави директорката на градинката, г-ѓата Даниела Трајковска, по повод одбележувањто на првата годишнина од работењето на градинката „Прва радост“ во Василево.
Првата годишнина на градинката и ја честита и градоначалникот на опшината г-дин Ванчо Стојанов кој по тој повод изјави: „ Иако денес е први април-денот на шегата, ова е реалност и денес нашата градинка на задоволство на сите одбележува една година. Првичните тешкотии се веќе надминати и градинката функционира нормално. Зголемениот интерес не тера нас како локална самоуправа веќе да размислуваме за зголемување на нејзиниот капацитет или за отварање клон во некое друго населено место“
Во текот на годината, како што изјави директорката Tрајковска, бројот на дечињата варира но во нагорна линија, така што во моментот згрижени се околу 60 дечиња.
Инаку освен одбележувањето на годишнинината, во претпалдневните часови, дечињата облечени во костимите на нивните омилени јунаци со дефиле го одбележаа и денешниот ден, 1-ви Април – денот на шегата.

DSC_0181

DSC_0146

DSC_0149

DSC_0151

DSC_0152

DSC_0159

DSC_0162

DSC_0164

DSC_0165

DSC_0166

DSC_0169

DSC_0174

DSC_0177

DSC_0197

Напишете коментар