Ученици од ООМУ Боро Џони и м-р Васко Пиличев како член на жири на меѓународен натпревар за класична гитара во Ќустендил

12939723_1317943774886288_1771602519_n

Оваа година е 20 години од почетокот на фестивалот и натпревар за класична гитара во Кјустендил -Рeпублика Бугарија.случување кое се очекува да биде паралелно на исто врвно европско ниво, каде на натпреварувањата учествуваат ученци и студенти од повеќе земји.

Така ќе биде и оваа година кога на фестивалот во Бугарија учество ќе земат млади таленти од повеќе земји како што се, Македонија, Бугарија, Укрaина, Унгарија, Србија, Романија и други.

12939185_1317943778219621_1345045944_n

Како член на жири комисијата на натпреварот оваа година ќе биде професорот магистер Васко Пиличев од ООМУ Боро Џони од Струмица. Како што истакна Пиличев, за него е голема честа и задоволството што е поканет за член во комисијата, но уште поголемо е задоволството што на натпреварот ќе има и ученици од самото училиште.

12952910_1317943768219622_1950990129_o

Претставници од ООМУ Боро Џони ќе се натпреваруваат во повеќе категории и тоа, Стојан Стојанов – гитара и две дуа во конкуренција во камерна музика, а тоа се Кирил Ичков и Митко Витанов како и Стефан Локов и Велјан Дојчинов. Секако како и на сите натпревари очекуваме високи достигнувања на нашите ученици.

Напишете коментар