Работилница за јакнење на капацитети на локалната самоуправа за образование за возрасни
Во организација на Британскиот совет од Скопје се одржа работилница на која учествуваа претставници од општина Струмица. Главната цел на проектот е зајакнување на интегриран и сеопфатен систем на доживотно учење, со фокус на стручното образование и обука, и образованието на возрасните, а преку воведување динамична спрега меѓу образованието и измените и во социјалната и во сферата на пазарот на труд. Главни приоритети во проектот се поддршка за подготовка на насоки за спроведување на анализа на потребите на пазарот на труд за локалните чинители и јакнење на капацитетите на локалната самоуправа како и поддршка за изготвување модели и концепти за функционирање на јавните институции за образование на возрасните, на локално ниво.
Во донесената стратегија за образование од страна на Советот на општина Струмица за периодот 2015-2020, како и во другите системски документи и акциони планови, се обезбедуваат клучни показатели за оваа област особено во делот на неформалното образование и доживотното учење. Општина Струмица со својата визија за образованието „Образованието е темел за слободата и интегритетот на граѓаните“, активно се вклучува во сите проекти кои придонесуваат за зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа, а преку свои мерки и иницијативи врши усогласување на образованието според локалниот пазар на труд.