6 Високо Протеински Намирници кои Мора да ги Пробате Уште Денес

Скоро секоја диета содржи протеини, мал процент на јаглехидрати и многу малку масти, односно размер 40/40/20. Иако ова им оди во прилиг на бодибилдерите и ентузијастите за вежбање, не е препорачливо за секој. Високо протеинска, високо масна и храна со малку јаглехидрати може да направи видни резултати за поединци,кои што се трудат да го симнат вишокот килограми и да изградат мускулна маса. За да проработи овој метод, многу е важно да се надмине идејата дека мастите ве здебелуваат. Високо протеинската и високомасната храна може да биде и здрава, ако ги користите вистинските намирници.
1. Безглутенски хамбургер

 

Секако дека вкусот нема да биде ист, но за сметка на глутенот кој што ќе го изфрлите, вкусот може да го надоместите со вкусни додатоци како пршута, пржени јајца, сирење, па дури и путер од кикирики. Се разбира, внесот на овие високо калорични додатоци треба да компатибилни со вкупната доза на масти коа што смеете да ја внесете во текот на еден ден, не се лакомете 🙂
2. Стек и јајца
Јајца и сланина можеби е типичен појадок кој што секој од нас го посакува наутро, но истиот не може да ги постигне потребите за протеини во текот на еден ден. За да внесете повеќе протеини, а помалку масти, наместо сланината, заменете со едно парче стек на скара. Јацата може да ги приговите како сакате, што не значи дека треба да ги “удавите” во масло или путер.
3. Чоколаден шејк со путер од кикирики
Ставете во блендер една шолја кравјо или козјо млеко, помешано со 3 лажички путер од кикирики, 2 лажички протеин во прав со вкус на чоколадо ,и по некоја боровница или малина и voila, уживајте во вкусот.
4. Печено пилешко
Ништо не може да го победи рецептот со печено пиле, вистинска класика. Ефтино, вкусно, и најдобро од се е што не мора да следите некој посебен рецепт, едноставно, купете квалитетно пиле, ставете го во фурна и нафрлете се на јадење.

 

5. Лосос на скара
Лососот е високопротеинска храна која содржи незаситени масти и е совршена храна за диета. Најдобриот начин за приготвување на лосос е да го ставите со кожата надолу на грил тава. Кожата ќе спречи да се залепи лососот на тавата, а притоа да остане сочен. Користете зачини.

 

6. Зеленчук
Иако зеленчукот е голем извор на јаглехидрати, не треба да ги изоставите од вашата диета. Тој е полни со влакна, витамини и минерали кои ќе ви помогнат да останете здрави и брзо да се опоравите од вежбањето.

Напишете коментар