Стојан Стојанов го одржа вториот солистички концерт кој доби поддршка од градоначалникот Заев и општина Струмица

Со бурни аплаузи публиката го наградуваше момчето – мајстор на класична гитара, Стојан Стојанов, синоќа на неговиот втор солистички концерт кој што се одржа во центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Беше тоа концерт за паметење со прекрасни изведби на композиции од повеќе автори од различни периоди. Вториот солистички концерт се одржа на неговиот 15-ти роденден, исто како и првиот пред три години. Стојан Стојанов е добитник на триесетина награди на државни и меѓународни натпревари.
Градоначалникот Заев на Стојан Стојанов му посака уште многу настапи и успеси во неговата кариера кои како и до сега ќе ја имаат неговата и поддршката на општина Струмица, а семејството Стојанови од концертот упати јавна благодарност до градоначалникот Заев и општина Струмица за континуирана поддршка која што ја добиваат.

Напишете коментар