Успешен настап на нашите најмлади шахисти од Струмица на Државното Првентво во Шах во Струга

Струмичките шахисти се натпреваруваа на Државното првенство во шах, што се одржува во Струга 2023 година. Од Струмица се присутни 13 деца кои се натпреваруваат во сите шест категории: 8, 10 , 12, 14 16 и 18 години.

При тоа постигнаа инзвонредни резултати.

Ина Крумова е првата шампионка од ШК Цареви Кули во Струмица во историјата на клубот, која на Младинското Шаховско Државно Првенство на Македонија за 2023 година, со играње на 8 партии успеа да забележи 7 поени и ова попладне ја освои златната медаља и пехарот во групата за девојчиња до 8 години. Заради овој извонреден резултат, талентираната Ина ќе има можност да настапува за Македонија на предстојното Светско првенство.

Надица Велкова од ШК Цареви Кули во Струмица, со гордост се враќа со бронзената медаља од Младинското Шаховско Државно Првенство на Македонија за 2023 година, каде по 8 играни партии успеа да забележи 5 поени во групата за девојчиња до 8 години. Заради овој извонреден резултат, талентираната Надица ќе има можност да настапува за Македонија на предстојното Балканско првенство.

Мартин Гоцев е првиот шампион на државната сцена во историјата на ШК Цареви Кули во Струмица, кој на Младинското Шаховско Државно Првенство на Македонија за 2023 година, по 9 играни кола успеа да забележи 7,5 поени и ова попладне како шампион се окити со златниот медал и пехар во групата за деца до 10 години.

Во истата група, Мартин Велков кој одигра задоволително, го освои дванаесеттото место, постигнувајќи 5 поени.

Јован Вукашиновиќ е првиот студент на ШК Цареви Кули во Струмица, кој на Младинското Шаховско Државно Првенство на Македонија за 2023 година, после 8 играни кола успеа да забележи 6 поени, исто како и оној кој го следи, и се закити со бронзениот медал во групата за деца до 8 години. Со овој одличен резултат, талентираниот Јован ќе има право да ја преставува нашата земја на идното Балканско првенство.

Во истата група, Јован Танчев одигра супер и го освои петтото место, исто колку и четвртопласираниот, освојувајќи 5 поени, а Трајче Карадакоски заврши на тринаесеттото место, освојувајќи задоволителни 3 поени.

Напишете коментар