Општина Струмица со нов проект за децата со попречености

Градоначалникот Зоран Заев и Општина Струмица продолжуваат со континуираната грижа за децата со попречености. Од вчера започна имплементацијата на проектот „Лични асистенти на деца со попречености вклучени во редовниот образовен процес“ кој е во рамките на програмата општинско – корисна работа, а финансирана од УНДП. Преку овој проект 6 лични асистенти ќе бидат работно ангажирани во период од 6 месеци во основните училишта во градот и истите ќе се грижат за децата со попреченост додека се на училиште.
-Тоа значи дека ќе бидат задолжени да ги пречекуваат во училиштата и да бидат во непосредна близина на децата додека ја следат наставата со цел да им бидат од помош при обавувањето на нивните основни потреби. Во рамките на проектот се реализира обука на шест лични асистенти преку која ќе се стекнат со вештини за давање на сервисни социјални услуги. Градоначалникот и Советот на општина Струмица ќе продолжат со максимално залагање за подобрување на животот на децата со попречености, рече Масалковска.

Напишете коментар