Сушевскиот порој се поврзува со мост

Во населеното место Сушево, денес, како дел од тековните градежни активности со бетон се полнеше мостот кој го поврзува Сушевскиот порој. Активноста ја следеше и градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов кој изјави дека ова е завршна фаза од изградбата на мостот на Сушевскиот порој, активност која започна мо месец мај. „Она што заедно со месното население го утврдивме како недостаток и потреба сега го реализараме. Општина Василево успеа да обезбеди средства за реализација на оваа активност која во наредните неколку денови комплетно ќе биде завршена, нагласи градоначалникот Стојанов. Мостот кој ги поврзува двете страни на поројот и обезбедува нормална комуникација меѓу жителите кои живеат од едната и другата страна на поројот е со димензиик од 8 х 6 метри, а заради безбедноста на кориснците истиот ќе биде ограден со метална ограда. Вкупниот буџет изнесува 1 370 000 дснари од кои 80% се обезбедени од Министерството за локална самоуправа, Биро за регионален развој, по пат на Јавен повик за прибирање на предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби за 2016 година, а 20% односно околу 200 000 денари се средства од буџетот на општина Василево.

Изведувач на работите е градежната компанија „Жикол“ од Струмица.

„Мостот на Сушевскиот порој е една од градежните активности која се одвива паралелно со изградбата на поројот и улицата покрај поројот, кои беа уништени во невремето од фебруари 2013 година. Вкупната инвестициска вредност на овие три проекти е околу 600 000 евра. Со комплетната реализација на сите овие проекти, Сушево, не само инфраструктурно туку и естетски ќе го промени својот лик, што ќе резултира со квалитет во секојдневното живеење на неговите граѓани“, нагласи градоначалникот Стојанов.

Напишете коментар