Советот на општина Струмица ја одржа 44-та седница

Членовите на Советот на општина Струмица на денешната 44-та седница усвоија повеќе одлуки и програми по 43-те точки на дневниот ред. Меѓу нив е и одлуката за субвенционирање на дел од надоместокот за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем.
-Од страна на советниците беше прифатена одлуката приклучокот да се намали за 100 евра, така што сега од 700, со 100-те евра што беа дадени како субвенционирање од јавното претпријатие „Струмица гас“ и 100-те евра од Општината, вкупниот приклучок ќе изнесува 500 евра, што значи дека следните 50 домаќинства што ќе аплицираат ќе можат да ги искористат тие субвенции што ги нудат јавното претпријатие „Струмица гас“ и општина Струмица. На дневен ред беше и извештајот за работата на јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ и од страна на советниците беше констатирано дека јавното претпријатие работи успешно и во континуитет ја извршува својата работа како што доликува. На дневен ред беа и извештаите за работата на средните и основните општински училишта и нивните програми за учебната 2016/2017 година. На мое задоволство сите тие извештаи и предлог програми беа изгласани едногласно од двете советнички групи, изјави Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица.

Напишете коментар