Потпишан договор за асфалтирање на улица во Василево

Општина Василево и градежната компанија „Жикол“ од Струмица денес потпишаа договор за изградба на инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште. Станува збор за улицата која е продолжение на улицата која од селската црква води кон излезот на селото во правец на големото фудбалско игралиште.

Вкупната должина која ќе се асфалтира изнесува 372 метри а ширината е 4 метри. Вкупниот Буџет за оваа активност е околу 2 200 000 денари од кои 1 000 000 денари општина Василево ги обезбеди од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година, а 1 200 000 денари се средства од општинскиот Буџет.

Како што информираше градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо бенефит од изградбата на овој дел од улицата ќе имаат не само жителите кои живеат во овој дел од селото туку и останатите граѓани на ова населено место бидејќи најголемиот дел од земјоделските обработливи површини се наоѓа токму во овој дел. Изградбата на оваа улица посебно значење има и за фудбалскиот стадион, односно за спортистите и љубителите на спортот бидејќи асфалтирањето на улицата ќе значи современ пристап до големото фудбалско игралиште „Цар Самоил“ во Василево.

Според информација од изведувач, градежните работи на терен треба да започнат за десетина дена.

Напишете коментар