Сениорите на Академија Пандев со нови три бода од гостувањето во Карбинци

Сениорскиот тим на ФК Академија Пандев продолжува со победоносниот од во Третата Лига Исток. Завчера во с.Карбинци во рамките на 8 – то коло совладан беше тимот на ФК Карбинци со 0:3, полувреме 0:2. ФК Академија Пандев поведе so 0:1 во 20-тата минута со голот на Цреваров, веќе во 35 минута беше 0:2 после прекрасната асистенција на Мишов релаизатор беше Начевски, а точка на победата од 0:3 стави Ефремов во 64 -тата минута од натпреварот.

За одбележување на овој натпревар е лошиот терен, катастрофално грубата, неспортска игра на домаќините и уште полошото судење на судијата Тодоров Дарко од Св. Николе. Во кратки зборови катастрофални услови за развивање на нашите млади фудбалери.

Никако клуб ги замолуваме надлежните органи при Третата Фудбалска Лига Исток да ја погледаат касетата и воедно да превземат мерки за грубата игра, недоличното и крајно некоректно однесување на домаќините како и за злонамерното судење на судиската тројка. Доколку не се реагирасоодветно ќе бидеме приморани да реагираме до повисоките инстанци во ФФМ.

Преземено од официјалната страна на Академија Пандев

Напишете коментар