Првачињата од Банско и Куклиш бесплатно учат англиски јазик преку проект поддржан од општина Струмица

Почнувајќи од овој месец здружението за образовно-едукативни цели ДМ Ленгуиџес започна со реализацијата на бесплатниот курс за првачињата од руралните средини поддржан од општина Струмица преку финансиската поддршка на невладиниот сектор за оваа 2015 година.
Со изучување на првите англиски зборови почнаа учениците од прво одделение во подрачното училиште „Маршал Тито“ во Банско, а веднаш по нив и првачињата од основното училиште „Даме Груев“ од Куклиш. Дечињата покажаа голем интерес и се радуваа на оваа можност, со што се потврдува дека кај нив почна да се развива љубовта спрема изучувањето странски јазици. Овој курс се одржува во просториите на јазичниот центар ДМ Интернешанал стадис.

Напишете коментар