Техно револуција во Маф Маф

Струмичкиот урбан клуб Маф Маф продолжува со негување на урбаниот стил и техно 
музиката. Па така, овој четврток (22 октомври) со почеток од 22:30ч зад пултот ќе бидат 
креаторите на Pata Pata Recordings, диџеите и продуценти Ted Dettman и Haaj. Нивните звуци 
се веќе добро познати на домашната публика, пропратени со нивниот специфичен 
техно/мелодичен звук, со што на присутните ќе им понудат нешто различно, квалитетно и 
конкретно, наспроти монотониот и секојдневен музички амбиент.  
Инаку, Pata Pata Recordings е една од најдобрите продуцентските куќи на Балканот, 
чија основна цел е да воспостави свој експресивен начин на размислување, да пренесе до 
публиката свој уникатен звук и да понуди своја уникатна приказна. 
Во склоп на продолжениот викенд, во петок (23 октомври) во Маф Маф ќе настапува 
легендарниот хип-хоп диџеј Гоце Саф, а саботата за пултот ќе биде DJ Micky, кој ќе ја „вози“ 
публиката преку хаус звуците. 

Напишете коментар