С О О П Ш Т Е Н И Е – Распоред на смените во училиштата

Се известуваат родителите на првоодделенците дека приемот на децата во прво одделение започнува на 1 Септември во 8.30 часот во училишните дворови на општинските училишта. Распределувањето по одделенија трае од 8.30 до 9 часот. Од 9 часот започнува првиот час за првоодделенците, а во 10 часот започнува свеченоста за првоодделенците пред Домот на АРМ.
За останатите ученици смените си започнуваат во вообичаено време. Прва смена за учениците од VI до IX одделение во 7 и 30 часот , а втора смена за учениците од II до V одделение во 13 и 30 часот. Општина Струмица и одделението за образование на сите ученици и вработени во училиштата им посакуваат успешен почеток на новата учебна година.

Напишете коментар