СОУ ,,Димитар Влахов“ co континуирана грижа за современ развој

Едно од струмичките училишта кое доживува вистинска експанзија во својот развој без сомнение е СОУ ,,Димитар Влахов”. Според изјавата на директорот на училиштето Димитар Ѓорѓев, во последните неколку години се реализирани повеќе крупни зафати , кои значително го осовременија амбиентот во училиштето. Од нив, вреди да се издвојат : изградба на пет нови училници , поплочување на патеката во учлишниот двор на површина од 400 м.кв., поплочување на задниот дел од дворот од 1260 м.кв., целосно асфалтирање и оградување на игралиштето за мали спортови, замената на старите канделабри во училишниот двор со нови, гасификација на спортската сала, извршување замена на стари со нови врати на еден од училишните катови и редица други. Во тек е поставување на нови 20 LCD проектори и поставување на нови подови на 4 училници, а се прават подготовки и за целосно оградување на учелишниот двор. Според Ѓорѓев, најголемиот број од преземените зафати се реализирани со поддршка на Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев, чиј ангажман не изостана и во делот на сите подготвителни работи, неопходни за изградбата на новата спортска сала.

Напишете коментар