Претставници од општина Струмица на работилница во Крушево

Во рамките на проектот Граѓанско учество за локална демократија се одржува втората работилница на тема „Развој на стратешка рамка” од 30 август до 1 септември 2016 година во хотелот Монтана Палас во Крушево. На работилницата учествуваат институциите од областа на културата, општинските администраци претставници на граѓанските организации и Советите на општините: Струмица, Струга и Центар.
Во текот на првиот ден (30 август, 2016), се одржаа две тркалезни маси. Првата беше на тема: „ЕЛС и граѓанските организации партнери во креирањето и имплементацијата на политиките за култура на локално ниво, а втората: „Културните потенцијали (традицијата и сегашните капацитети) во функција на идниот развој на културата на локално ниво.
Проектот ,,Граѓанско учество за локална демократија’’ е поддржан од Европската унија и се спроведува од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во партнерство со ЗГ Центар за развој на локалната демократија (ЦРЛД) во општините Струга, Струмица и Центар. Негова цел е да помогне во зајакнување на влијанието на граѓанското општество во развојот на јавните културни политики и донесувањето одлуки на локално ниво, како и создавање средина која ги охрабрува активностите на граѓанските организации за имплементација на локалните културни политики. Проектот започна со реализација во јануари 2016 година и ќе трае до јуни 2017 година.

Напишете коментар