Реализиран проектот ,,Талентирани или не, пробајте баш се,, на здружението Хармонија Акорд

Здружението за музика, уметност и култура ХАРМОНИЈА АКОРД Струмица во петокот на 06.10.2017 година во 12 30 часот во училишниот двор на ООУ Св. Кирил и Методи во село Дабиље го одржа завршниот настан на проектот Талентирани или не, пробајте баш се, финансиски подржан од општина Струмица.
Главна цел на овој проект беше откривање и поттикнување на индивидуалните можности кај децата од социјалните и етничките рурални средини, подигање на нивните креативни потенцијали и сопствениот начин на уметничко изразување; Откривање на светот околу себе преку различни видови на уметност (драматизација, сцена, музика ).

Настанот беше во изведба на децата од социјално, етничките и рурални средини со кои работевме овие 6 месеци во времетраење од 45 минути. Децата на еден практичен начин покажаа се што научија во текот на работилниците, а воедно беше презентиран и краток документарен филм составен од кратки исечоци и кадри од целокупното наше дружење и работа со децата.

Напишете коментар