Прес на Дајанчо Ефтимов

Интегрален текст од прес конференцијата:

Почитувани граѓани на Општина Василево чувствувам одговорнсот пред Вас да Ви се обратам по последните изјави на портпаролот на СДС Василево Сашко Атанасов за наводните пријавени вредности од елаборати за штети од елементарна непогода. Наведените суми сакам да Ве информирам дека се тотална невистина и заблуда и истите мавтаат со листови од елаборат на кој прецртуваат тоа што не им одговара да се види а заокружуваат и додаваат суми како ним им одговара 10 до 15 пати поголеми за кои сакаат да прикажат дека се исплатените и сакаат да Ве доведат во заблуда а вистината е всушност сосема друга.

Во конкретниот случај за обештетување за татко ми се исплатени само 1900 денари по декар обработливо земјоделско земјиште кое е лична сопственост од кое егзистирало нашето семејство од секогаш. Бидејки сите се занимавате со земјоделие Вие сами ќе процените колку е оваа обештетување по 1900 денари за декар односно само за покривање на трошоци за агротехничка обработка на истото.

Впрочем и не сум изненаден од вашата злонамерна агресивност и искрено можам да Ви кажам дека сосема Ве разбирам бидејки и како кандидат за советник и како претседател на ОО СДС Василево и како кандидат за пратеник во Собранието на Репубилка Македонија секогаш доживувавте катастрофални порази во Општина Василево и згора на тоа секогаш катастрофално губите во сопственото населено место Пиперево и за тоа сигурно Ви замеруваат и во вашата матична партија. Вашата безидејност , очајност и немоќност се гледа во Вашите настапи да понудите некој проект повеќе на граѓаните како би се подобрил животот на граѓаните на нашата Општина. Вашата дезорјентираност ке резултира со уште ЕДЕН огромен пораз на СДС Василево бидејки граганите ги препознаа негативните политики кои за 5 месеци се запрепастувачки за земјоделците,пензионерите ,малдите и сите останати граганите кои ќе Ви го дадат одговорот на 15 октомври.

Само да Ве потсетам дека народот на 15 октомври ќе Ви покаже дека кандидати за градоначалници и советници со вакво опкружување не подржува и тој одлучува за сопствената општина како што впрочем и тоа досега го покажуваше.

Напишете коментар