ОТВОРЕН ДЕН ЗА ЈАВНОСТА

Еуромакс Ресоурцес планира изградба на рудник за бакар и злато со површински коп во близина на селата Иловица и Штука на падините на планината Огражден во општина Босилово и општина Ново Село.
Еуромакс со задоволство објавува дека на 26 април 2016 година ја достави Оцената на влијанието врз животната средина („ОВЖС“), во која се разгледуваат и социјалните аспекти, за својот проект за бакар и злато „Иловица“ до Министерството за животна средина и просторно планирање.
Kако дел од третиот циклус на вклучување на чинителите, ќе се одржи отворен ден со цел на јавноста и заинтересираните чинители да им се претстават резултатите од ОВЖС и предложените мерки за ублажување и планови за управување, да се одговорат прашањата на чинителите и да се слушнат нивните забелешки и предлози. Придружете ни се на отворениот ден за јавноста за да добиете повеќе информации за нашиот Проект и да го дадете Вашиот ценет придонес. Стручните лица кои ја изработија ОВЖС за проектот ќе бидат на располагање да одговорат на Вашите прашања. Секој е повеќе од добредојден!
МЕСТО: Училишна спортска сала во Ново Село
ДАТУМ: 19 мај 2016 година (четврток)
ВРЕМЕ: од 15:00 до 18:00 часот (ќе се одржи презентација во 16:00 часот)

Напишете коментар