Републички Детски Средби ,,Цвеќе,,

Преку цртање, боење, аранжирање на разни цвеќиња, изложба на слики изработени од страна на основците, беа дел од 26-тиот Републички натпревар на детски средби насловен како „Цвеќе„.
Ученици од 17 општински основни училишта, меѓу кои и Гевгелија, Стојаково и Берово како и домаќинот Струмица, денес во Домот на Арм во Струмица, се натпреваруваа во сликање и аранжирање на разни цвеќиња.
Манифестацијата се одржува традиционално секоја година, а истата се реализира во три етапи. Организатор е Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,, од Струмица.

Напишете коментар