о. Василево- Успешно реализирана крводарителска акција

Денес во просториите на Домот на културата во Василево во организација на Општинската организација на Црвен крст – Струмица и Општина Василево, успешно беше реализирана акција на доброволно дарување на крв.

„Општина Василево е препознатлива по хуманитарните акциии. Оваа крводарителска акција е само една од многуте кои општината во соработка со Црвениот крст редовно ги организира во последните осум години“, изјави координаторот на денешната акција Александар Ристов и самиот повеќекратен крводарител. Вработените во општината, во ЈПКД „Турија“ и во основните училишта, во оваа како и во сите претходните крводарителски акции активно се вклучија, покажувајќи ја својата хуманост на дело.

Вкупниот број на собрани крвни единици во денешната акција беше околу дваесет, бројка која според медицинскиот тим е солидна и показател за успешноста на акцијата.

Во Василево, крводарителски акции се организираат на секои четири месеци, што им дава можност на сите граѓани чија здравствена состојба го дозволува тоа, да даруваат крв и да помогнат во спасувањето на нечиј живот.

Напишете коментар