Конкурс за фотографија на тема: Тагата на провинцијата и неподносливата мачнотија на метрополата

Идејата на конкурсот го третира феноменот на периферијата и оддалеченоста од центарот, но и обратната смисла на оттуѓеноста, каде што центарот е оддалеченост од субјектот (од себе), а периферијата едно невидливо приближување кон внатре.Вечниот судир меѓу јавното и интимното, личното и колективното, тишината и хаосот. Темата на конкурсот ја опфаќа и трагичноста на преселбите-село-град и провинција-метропола.
На конкурсот можат да учествуваат сите уметници кои активно се занимаваат со фотографската уметност. Секој учесник може да учествува со една фотографија. Конкурсот трае од 15 септември до 15 октомври. Од селектираните фотографии ќе биде испечатен каталог. Фотографиите во електронска форма, треба да бидат испратени на електронската адреса на здружението [email protected].

Покрај фотографијата треба да бидат наведени-име и презиме на авторот и кратко текстуално објаснување (наслов,концепт,идеја). Организацијата ги задржува правата за публикација и презентација на селектираните фотографии.
За најдобра фотографија се доделува прва награда во финансиски износ од 20 000 денари.

Конкурсот се организира во рамките на проектот „ Развивање и ревитализација на рурални средини преку уметност и култура “ финансиран преку програмата Цивика Мобилитас на Швајцарската агенција за развој и соработика.

Напишете коментар