Искршен е дел од опремата во Coca Cola активната зона во градскиот парк

Непознати сторители уништиле дел од опремата која што беше монтирана во Coca cola активната зона во големиот градски парк. Оваа зона во јули годинава ја пуштија Пивара Скопје, Coca cola компанијата заедно со општина Струмица. Во неа е монтирана најсовремена фитнес опрема со која граѓаните можат да се рекреираат и да спортуваат. Но, за жал по само два месеца од поставувањето, некои граѓани започнаа да ја уништуваат. Општина Струмица овој случај ќе го пријави кај надлежните институции, барајќи во најскоро време сторителите на овој вандалски чин да бидат откриени и казнети.
Во последно време зачести уништувањето на урбаната опрема и електронските уреди во градот. Токму поради ова, апелираме до сите Вас да ги чувате заеднички создадените вредности и да го пријавувате секое вандалско однесување или оштетување на поставената опрема или уреди. Тоа може да го сторите преку телефонската линија на 192, МВР-СВР Струмица или во „Систем 48“ на бесплатниот телефонски број 0800-148-48. Партнерството помеѓу Вас-граѓаните и Општина Струмица, кое со години го градиме на взаемно задоволство, треба да продолжи и во иднина, во интерес на нашата заедничка општина и на сите што живеат во неа.

Напишете коментар