Колумна на Ристо Ѓоргиев-600 Нови чуда секој ден (втор дел)

Никогаш не било можно сите македонски чуда да ги собере во еден текст па затоа ќе продолжиме во вториот дел онаму каде што застанавме во првиот. На чудата македонски им нема крај:

  • Македонија е лидер по премолчени претседателски мандати, со цели два мандати во кои никој не е сигурен дали имаме претседател или неcrep
  • Нашиот претседател е светски лидер во пуштени „Калинкијади“, „Ракијади“ „Ајверијади“ и други настани на кој на некој му текнало да го повика
  • Во Македонија првото работно место може да ви биде министерско
  • Македонија е лидер во регионот по смрт на новороденчиња (и покрај феноменалните реформи на министерот Тодоров)
  • Македонија е лидер по комшии кои се грижат за твојот живот
  • Во категоријата партиска книшка по глава на човек, Македонија е убедливо прва
  • Македонија е државата која го роди Ивица Боцевски, човекот кој може да го смени ставот додека го менува ставот
  • Македонија убедливо води и во категоријата „немаме пари за леб а купуваме чоколади“
  • Македонија е лидер во категоријата Ајфон по глава на жител со просечна плата од 200 евра
  • Македонија ја има телевизија Сител, инаку најголем емитувач на српска програма, во тесно водство пред АЛФА, Канал 5 и Радио Телевизија Србијаimages
  • Македонија е родна земја на вонсерискиот продуцент Јован Јованов, познат по местењето Евровизија, огромните хитови на кои никој не се сеќава и сите можни реклами снимани во Македонија последниве 10 години
  • Македонија е лидер по испиени кафиња и паузи по глава на административец
  • Македонија е лидер по оспорени избори за претседател (досега ни еден претседател не бил целосно признаен од сите големи партии)
  • Македонија е лидер во светот по реновирани студентски домови со реновиран еден блок од еден студентски дом од вкупно пет
  • Македонија е лидер во барок (само што тој период од човековата историја заврши 1750 година)
  • Лидери сме во условени оставки
  • лидер сме по исплатени патни трошоци (во просек 23 000 евра или 115 просечни плати по пратеник)
  • лидери сме по исечени дрва
  • лидери сме во политички кризи (никој не памти ден кога не сме биле во политичка криза од осамостојувањето)
  • лидер сме по зелени партии кои не организирале ниеден протест против сечење дрва
  • Македонија е лидер по бројот на луѓе кои лажат како Турци (вклучувајќи ја тука и Република Турција)
  • Македонија е лидер во уредници што „победиле на избори“ а избалансирано известуваат
  • Македонија е лидер по етикетирање луѓе (буквално по секоја можна основа)
  • Македонија благодарејќи на Никола Груевски го дели првото место во светот со Северна Кореја во категоријата „Избран лидер на партија со 100% гласови“download
  • Лидер сме по спасени „Офицерски домови“ со одлука на народот
  • Македонија го дели првото место со Саудиска Арабија по бројот на уредници на национална телевизија кои сметаат дека жените лутаат во политиката
  • Македонија е лидер по политичари какви нема ни на Марс (вклучувајќи го и Марс)
  • Македонија е лидер во нарачани анкети во кои и агенцијата која ги спроведува и самата не верува
  • Македонија е лидер во креирање долгорочни стратегии (со ниту една стратегија подолга 4 години т.е како да се победи на наредните избори)
  • Македонија е лидер по правична застапеност на лавови и двоглави орли на кружни текови

Како беше онаа старата, секое чудо за три дена? Не драги мои, не во Македонија, тука секој ден е чудо во чудо со околу барем 600 чуда секој ден. Ако се обидувате да си објасните како е тоа можно, немојте. Зошто луѓето се иселуваат од таква феноменална држава не ви е јасно? Е па лесно е, не може секој да се навикне да живее во ваков рај. Во последниве десет години срушивме толку многу рекорди што сега имате посебна Гинисова книга само за нас, оти не е фер постојано да победуваме во се.

Барем еднаш во животот не бидете инат и послушајте го директорот на Агенцијата за вработување на РМ, Влатко Поповски: „Не одете на запад тука секојдневно се случуваат барем 600 чуда на ден“.

За Струмица Портал од Брисел-Ристо Ѓоргиев

https://ristogjorgjiev.wordpress.com/2016/02/17/600-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D1%87%D1%83%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D1%98-%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80-%D0%B4%D0%B5%D0%BB/

Напишете коментар