Претставници од НОВУС учествуваа на обука за јакнење на капацитетите

Здружението НОВУС преку свои претставници учествуваше на обуката за јакнење на капацитетите на организацијата и членовите, а во врска со мали локални иницијативи подржани преку акцијата „Трансфер на знаење за политиките на ЕУ за намалување на разликите меѓу граѓанските  организации од скопскиот и другите плански региони -TEUCSO“ од МЦЕТ. На обуката се одредија ментори за секоја иницијатива според тематските области.

Воедно, учесниците се запознаа со начините на функционирање на ЕУ, програмите на Унијата и за контекстот на добро владеење.

Здружението НОВУС ќе ја спроведува иницијативата во рамките на тематската област судство и темелни права „Aнализа на состојбата на имплементацијата на системот на алтернативни мерки во Основен суд Струмица“.

Во периодот кој следува, здружението ќе ја запознае јавноста со оваа иницијатива

Напишете коментар