Реконструкција на ОУ„св Кирил и Методиј„ Иловица

Овие денови започна реконструкцијата на училишната зграда ОУ „св Кирил и Методиј“ Иловица односно замена на столаријата со нова, и инсталација на систем за топловодно греење на училишната зграда и спортската сала која се наоѓа во дворот училиштето.
Моментално се работи на изградбата на објект каде ке биде поставен котелот за парното греење а во наредните денови ке започне и промената на столаријата.
Со замената на енергетски неефикасната столарија и инсталацијата на систем за топловодно греење ке се овозможи поквалитетно спроведување на наставата како и заштеда на енергија.
Овој проект целосно се реализира со финансиски средства обезбедени од Министерството за образование и наука.

Напишете коментар