Како да ги исчистите вашите бели дробови од Никотинот

Сите знаеме дека пушењето цигари е штетно за нашето здравје, исто така димот од цигари останува во нашите простории и сето тоа предизвикува непријатна миризба.

Доколку сте страстен пушач еве ви една рецепта како да ги исчистите вашите бели дробови.

Потребно ви е:

– 400 гр лук, исчистете ги чешнињата и исецкајте ги на четвртинки

– парче ѓумбир

– 2 лажички куркума

– 400 гр. кафеав шеќер

– 1 литар вода

Водата ставете ја во сад на оган, додадете го шеќерот и загревајте. Кога ќе започне да врие, додадете ги и изренданиот ѓумбир, лукот и куркумата и варете се додека на проврие смесата.

Тргнете го садот од оган и оставете го да се олади до собна температура. Лековитата смеса би требало да се чува во фрижидер.

Земајте по 2 лажици од оваа мешавина секое утро на празен стомак и навечер уште 2, најмалку половина час по последниот оброк.

Напишете коментар