Со зонското паркирање ќе бидат офатени уште неколку улици во градот

Согласно донесената Одлука за дополнување на Одлуката за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица, на последната седница на Советот на општина Струмица се опфатија и улиците: „Дебарска“, „1-ви Мај“, „Васил Сурчев“, „Братство Единство“, „24- ти Октомври“, „Младинска“ (од Медицински центар до кружен тек на бул.„Гоце Делчев”) „Панче Пешев“ (од крстосница со ул.„ Младинска” до крстосница со ул.„Братство Единство”) „Ванчо Китанов“, „Јане Сандански“ и улица „Сава Ковачевиќ“.

Бидејќи станува збор за поголем опфат на улици, организирањето на паркирањето ќе се врши етапно, по фази во зависност од обемот и потребата од регулирањето на собраќајот во мирување.

 

-Пред да се отпочне со организирањето ќе бидат извршени мерења на протокот на сообраќај, анкети и студии таму каде што ќе биде неопходно, а истите ќе дадат одговори за начинот, односно потребата од паркирање или ограничување на истото.

Станува збор за делови од градот кои се густо населени со жители и во кои се наоѓаат основни и средни училишта, градинка и болница. Во таа насока интенцијата во организацијата на паркингот нема да биде само наплата на паркинг местата таму каде што условите ќе дозволат, туку пред се овозможување поголема мобилност на граѓаните. Како предуслов за решавање на паркирањето во градско подрачје се наметнува потребата од физичко обезбедувањето на тротоарите за намената за кои се изградени. Досегашната пракса покажа дека тротоарите најчесто се користеа за паркирање на моторни возила. Во таков случај пешаците се движат или помеѓу паркираните возила или по коловозните ленти, при што дополнително го усложнуваат одвивањето на сообракајот. Освен успорувањето и хаосот во сообракајот на гореспоменатите улици каде на исти сообраќајни површини (коловозни ленти и тротоари) се наоѓаат и возилата и пешаците, сообракајот се одвива со низок степен на безбедност, со големи застои, стихијно и хаотично. Повикани сме како претпријатие да понудиме решение и тоа согласно законските регулативи ќе се потрудиме да го извршиме во интерес на сите засегнати граѓани – истакна Верица Узунова, директор на ЈП „Паркиралишта – Струмица“.

Напишете коментар