Брилијантен Одговор на Марк Зукерберг на Жена Која ја Советувала Внуката да го “Брка Бубулицата”

Марк Зукерберг(креаторот на Фејсбук) го даде најдобриот коментар до сега. Жена во години се обидела да му заблагодари што ѝ овозможил врска со нејзините стари пријатели и фамилијата преку Фејсбук. Таа во коментар му рекла дека во знак на благодарност упорно ги советува своите внуки да го бркаат „бубалицата“ во училиште бидејки тој би можел да стане новиот Марк Зукерберг.

Основачот на Фејсбук, а во исто време и пресен татко на девојче ѝ одговорил културно испраќајки уште попозитивна порака дека подобро ќе биде да ги охрабри своите внуки да тие самите БИДАТ „бубалици“ во училиштето наместо да го бркаат, бидејки самите тие би можеле да бидат следниот успешен пронаоѓач.

markfacebookz

Жената му искоментирала на статус на Зукерберг во кој тој го споделил својот личен предизвик за 2016-та, а тоа било да создаде вештачка интелигенција која ќе му го автоматизира домот.

Коментарот заедно со неговиот одговор под него веднаш станал хит низ интернет и добил 25000 лајкови во само еден ден од кои многу и преку хаштагот #BetheNerd кој е во тренд на Твитер.

Секако дека е добродојден некој со таков висок рејтинг и профил да ги охрабри младите девојки да бараат кариера во технологијата, но интересен е фактот што само 32 проценти од вработените во Фејсбук се жени и тоа со раст од само 1 процент во вработувањата на жени помеѓу 2014-та и 2015-та година. Меѓутоа по се изгледа дека Зукерберг сѐ обидува да го промени тој дисбаланс на тој начин што преку Фејсбук таргетира млади девојки покажувајки им спонзорирани реклами од областа на компјутерските науки.

„Имаме потполно еднаква мерка за талент за сите.“ – изјави тој при говор во Мај изминатата година. „Но би сакале да најдеме поголем број на кандидати кои се жени или други малцинства.“

Се разбира зборот бубалица и не е така точен превод за англискиот збор nerd кој е користен во оригиналните коментари за кој сме сигурни дека многу често сте го среќавале и веќе знаете што значи, но за жал и немаме друг посоодветен збор(во случајов сленг) во македонскиот јазик за она дете во класот кое најмногу учи и го интересира се што е поврзано со науката, но обично не може најдобро да се социјализира. 🙂