ЖФК Тиверија Струмица го освои Купот на Карневалот Струмица 2019
ЖФК Тиверија Струмица го освои Купот на Карневалот Струмица 2019
Заврши 3-от меѓународен турнир Куп на Карневалот – Струмица 2019. По трет пат освојувач на овој турнир е ЖФК Тиверија Струмица.
За разлика од минатите две изданија оваа година турнирот се одржа во кадетска конкуренција односно девојки родени 2005 и помлади
Финалето и натпреварот за 3-то место беа неизвесни до самиот крај и за победниците мораа да решаваат пеналите.
Во натпреварот за 5-то место екипата на Бургас беше поуспешна од ЖФК Миравци
Во полуфинале ЖФК Тиверија Струмица беше подобра од ЖФК Јантра од Габрово со 4:3, додека пак ЖФК Енко со 3:1 ја совлада Битолската екипа Топ Гол
Во финалето по нерешените 1:1 (Тиверија – Енко Пловдив) се пристапи кон изведување на пенали при што посреќна беше екипата на Тиверија Струмица
– Најперспективна фудб. – Теона Галабовска – Тиверија
– Најмлад учесник: Стефанија Филипова – Топ Гол
– Најдобар голман: Мери Васева – Тиверија
– Најдобар стрелец: Сиљана Михалева – Бургас
– Најдобар тренер – Радомир Николов – Јантра
– МВП 2007 Михаела Маркова – Топ Гол
– МВП 2006 Слаѓана Ѓорѓиева – Тиверија
– МВП 2005 Јоана Михалева – Енко Пловдив
Пласман:
ЖФК Тиверија Струмица 🇲🇰
ЖФК Енко Пловдив 🇧🇬
ЖФК Јантра Габрово 🇧🇬
ЖФК Топ Гол Битола 🇲🇰
ЖФК Бургас 🇧🇬
ЖФК Миравци 🇲🇰
Наградите ги додели членот на Советот при Општина Струмица Александар Ненчев
Исто така од Карневалскиот одбор при Струмичкиот карневал предводен од г-дин Александар Цицимов на сите екипи учесници им беше доделен Карневалски медал и пригодни поклони.