ЖЕНИТЕ ВО ПАРТИЦИПАТИВНОТО КРЕИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ПОЛИТИКИ
Центарот на заедницата на општина Струмица од минатиот месец започна со импелементација на проектот „Жените во партиципативното креирање на локалните политики“, финасиски помогнат од Општина Струмица преку G1 Програмата од Буџетот на Општина Струмица за 2019 година, а кој се имплементира во партерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост РОДОВА ПЕРСПЕКТИВА Струмица.
Севкупна цел на проектот е: Унапреден родовиот сензибилитет во општина Струмица преку партиципативно вклучување на жените во процесите на локално одлучување.
Клучна активноста на проектот е градење на капацитети на претставници на месните и урбаните заедници во општина Струмица, во чии рамки се предвидени две дводневни обуки на темите: Користење на законските механизми за учество на жените во процесот на донесување на одлуки на локално ниво и Разбирање на родовата компонента во демократските општества, кои имаат за цел да понудат преглед на модели и практичните примери за учеството на жените во одлучувањето на локално ниво и препознавање на родовата компонента во повеќе сегменти.
Исто така, клучна активност е и реализација на Отворен ден: жени vs. Совет на општина Струмица, кој има за цел идентификација на клучните проблеми во заедницата третирајќи ја родовата компонента. По ова ќе следи разработка на проблемите од страна на работни групи и јавна расправа за избор на приоритетен проблем во заедницата и подготовка и имплементација на план за лобирање и застапувањеза решавање на проблемот.
Проектот ќе се имплементира во временски период од 4 (четири) месеца, од јули заклучно со октомври 2019 година.
Финасиските средства доделени од Општина Струмица изнесуваат 150.000,оо денари.